Возачи на ЈСП алармираат дека нема нафта за автобусите

Возачи и вработени во јавното претпријатие со кои конктактирал Плусинфо предупредуваат дека градскиот автобуски превоз на ЈСП е пред колап, така што постои опасност утрешниот ден да почне со многу проблеми за скопјани…

„Од петокот од 17 часот нема нафта во гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Денеска 3-4 автобуси на ЈСП останаа на улиците без нафта. Во моментов десетина автобуси се принудени да се повлечат во гаражите. Секој момент може да се случи кинеските двокатни и украинските автобуси да немаат повеќе нафта за возење. Единствено во функција ќе останат автобусите МАН, што беа купени за време на мандатот на Петре Шилегов. Тие автобуси ги има вкупно 33, и тие можат да возат на гас.

Доколку не добиеме нафта денеска или утре, најдоцна до 4.30 сабајлето, пред да почне возењето, Скопје може да остане без никаков јавен превоз – велат изворите на Плусинфо од ЈСП.

Од ЈСП Скопје околу овие наводи само кратко одговорија дека имаат доволно гориво за автобусите, пишува Плусинфо…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.