Возачите ги тормозат жителите на гратче на Нов Зеланд со песните на Селин Дион

Возачи вооружени со плејлисти од хитовите на познатата канадска пејачка Селин Дион со месеци ги измачуваат жителите на малото новозеландско гратче Порируа со гласни доцноноќни „битки со звучниците“, а ненаспиените жители ги повикаа властите на помош, а сѐ повеќе од нив се иселуваат.

„Битките со звучниците“ започнале пред најмалку седум години низ Нов Зеланд а се разгореле во Порируа во ноември 2022 година, откако навивачите го прославуваа пласманот на Самоа во финалето на Светскиот куп во рагби лигата.

Според локалните медиуми, возачите на автомобили, од кои повеќето се потомци на пацифичките народи, користат огромни звучници, како сирени, и ги ставаат на возилата, па дури и на велосипедите, за да се натпреваруваат меѓусебно, односно да се задушат едни со други со нивните моќни стерео системи, додека свират хитови исклучиво од Селин Дион.

Жителите на Порируа, од кои околу 60.000, се на работ на силите и нервите поради гласните децибели до доцна во ноќта и бараат помош од градоначалничката Анита Бејкер.

„Ни задаваат главоболка, ја сакаат Селин Дионе, сакаат секого со високи тонови во гласот“, вели градоначалничката и изрази стравување од иселување на населението.

И на луѓето, без разлика колку ја сакаат Селин Дион, мачно им е од трештењето на музиката од 19 часот до два или три часот наутро, а баладите како „My Heart Will Go On“ и „It’s All Coming To Me Now“ веќе не можат да ги смислат.

Со екот на музиката, на „конкурентите“ постојано им работат моторите на возилата, а бучавата е неподнослива. Повиците во полиција не дадоа резултат, бидејќи учесниците на овие необични настани бегаат штом ги слушнат полициските сирени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.