Возачите не биле вработени во „Беса Транс“, едниот немал ниту сертификат

Ниеден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ во чија несреќа во Бугарија претходно седмицава загинаа 45 луѓе од кои 12 деца, не бил вработен во компанијата, а еден од нив немал ниту сертификат за професионална компетентност, потврди во петокот попладнето  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Едниот од возачите не е вработен во компанијата, имал сертификат со важност до единаесетти месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот деветти месец 2020 година“, кажа Бочварски.