Возачот на полскиот автобус изгубил контрола, се наведува во првичните резултати од увидот

Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над воланот, а за да се утврдат причините за несреќата, наредена е обдукција на жртвите и вештачење за интоксикација на возачот.

Несреќата се случи утрото околу 5.25 часот на автопатот Горичан-Загреб.

Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска, изгубил контрола над воланот на возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.

Хрватскиот министер за внатрешни работи и началник на штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ потврди дека истрагата на местото на несреќата е завршена.

Во автобусот имало 42 патници и 2 возачи, кои тргнале на аџилак во Меѓугорје.