Возачот не се сеќава како се случила сообраќајната несреќа

Во какви возила се одвива јавниот превоз на граѓаните? Прашањето се актуелизира по вчерашната страотна автобуска несреќа која заврши со трагичен биланс од 14 изгубени животи.

Според извори во истрагата, возачот на автобусот во сопственост на компанијата „Дурмо турс“ изјавил дека не се сеќава како се случила несреќата, пренесе DW.

Одговорите треба да ги даде истрагата по увидот направен на местото на несреќата, и по вештачењето на автобусот.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, синоќа изјави дека компанијата „Дурмо турс“ ја имала потребната лиценца за работа и дека нивните возила редовно ги поминувале техничките прегледи. Дали е тоа доволна гаранција?

Целата анализа прочитајте ја на Дојче Веле.