Возачот пуштен на домашно лекување, бил во свесна состојба

129

Истрагата за причините за големата трагедија, автобуската сообраќајна несреќа, сѐ уште трае.

Возачот на автобусот на Дурмо турс, кој изгуби контрола и се преврте во бездна, поминал со полесни телесни повреди, а како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, тој е пуштен на домашно лекување.

Премиерот Заев при посетата на повредените во ГОБ 8 Септември рече дека истрагата сѐ уште трае, а вчера се направени разговори со возачот, кој цело време бил во свесна состојба.

Се очекуваат резултати и од вештачењето на техничката исправност на автобусот.

Skin Delight