Воздухот и вечерва во Скопје е отровен, најзагадено во Ѓорче Петров

Воздухот е загаден и екстремно загаден покажуваат мерните станици во Карпош Аеродром, Центар, Ректорат, Горче Петров… Од ветувањата на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека справувањето со загадениот воздух ќе биде приоритет во активностите на градската власт, останаа само празни зборови.
Отровот во воздухот продолжува да ги гуши скопјани, а како што навлегуваме во грејната сезона, темата ќе станува само погласна, но конкретни мерки малку е веројатно дека надлежните ќе преземат, ако го земеме искуството од изминативе години.

Убедливо најзагаден воздух вечерва дишат жителите на Ѓорче Петров, каде што МП 10 е 172 микрограми/м3, а според светска задравстена организација, дозволената граница за ПМ10 честички изнесува 50 микрограми/м3.

Овие честици продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето и се опасни за нивното здравје.

Шилегов, пред неколку дена изјави дека другите општини околу Скопје се всушност виновни за енормното загадување на главниот град.

„Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кон градоначалниците на Чучер Сандево, Петровец, Илинден, Арачиново, бидејќи дел од загадувањето што е во скопската котлина доаѓа од овие места“, изјави Шилегов.