Воздухот загаден во Скопје, Тетово, Битола и Кавадарци

Високи концентрации на ПМ10 честички се регистрирани во сите скопски општини, Тетово, Битола и Кавадарци.

Според мерењата, загаденоста е најголема во вечерните и ноќните часови, кога на мерните станици се регистрирани концентрации од 250 микрограми на метар квадратен во Лисиче и Тетово, 230 во Битола и Кавадарци, во Центар, Карпош и Газиу Баба 180 и по 100 микрограми на метар кубен во Миладиновци и кај Ректорат во Скопје.

Концентрациите на ПМ10 честички се намалени од утринските часови, но се над дозволените 35 микрограми на метар кубен.