Возете внимателно, забрана за тешки товарни возила на Стража и кон Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните, југозападните и источните делови од државата со на места остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште се на сила.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.