Три авттомобила од колоната на украинскиот претседател Владимир Зеленски учествувале во сообраќајна несреќа во неделата со автобуси со кои се превезувале деца во Запорошката област, пренесе интернет порталот Страна.ua, повикувајќи се на полициски извори.
„Колоната автобуси со деца кои се враќале од одморалишта, доживеале сообраќајна несреќа. Според првичните информации, причина за инцидентот било претекнување на колоната од патнички автомобили“, пишува порталот.
Според изданието, „колоната ја претекнувале две возила ‘фолксваген туарег’ од придружбата на Зеленски и минибус на службата за безбедност на претседателот“.
Се додава и дека претседателскиот конвој патувал кон Киев, но самиот Зеленски не бил во него, бидејќи претходно со авион допатувал во главниот град.
Според првичните информации, немало повредени меѓу патниците во автобусите. Меѓутоа, според објавените фотографии, возилата од претседателскиот конвој се многу оштетени, но нема потврда за евентуално настрадани.
Порталот цитира неименуван извор, кој вели дека „поради постојаните лустрации и проверки на службениците“ во моментов во претседателската администрација работеле само половината од возачите, кои поради недостиг од персонал и преангажираност „не спијат со денови, па поради тоа се случуваат сообраќајни инциденти“.
Претходно во неделата беше објавено дека воскопозициониран сопартиец на претседателот Зеленски учествувал во страшна несреќа кај Полтава.