Возило без возач како пилот-проект на „Фолксваген“ на грчкиот остров Тасос

33

Германската автомобилска групација „Фолксваген“ планира на грчкиот остров Тасос да спроведе пилот-проект и да тестира возило со автономно управување, односно без возач, објави „Та неа“.

Според грчкиот весник станува збор за инвестиција на островот, преговорите меѓу компанијата и грчката Влада се во последна фаза, а се очекува договорот да се потпише кон крајот на март, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставници на „Фолксваген“ од денеска се на островот за да го истражат теренот за пилот- проектот, што во првата фаза ќе биде со тестирање на камиони и автобуси од групацијата односно „ΜΑΝ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.