Возило испишано со порака против глобализација, удри во оградата на канцеларијата на Меркел (ВИДЕО)

66

Непознат возач утрово со автомобил удри во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Ова го јавува новинската агенција „Ројтерс“. На автомобилот е испрскан слоган против глобализацијата.

Во овој момент е нејасно дали станува збор за намера. Засега нема извештаи за повредени.

Сведоците видоа дека автомобилот удри во оградата. На страната на автомобилот е напишана порака против глобализацијата со бели букви.

Меркел утрово требало да претседава преку видео повик со разни германски министри за продолжување на заклучувањето и другите мерки против вирусот ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.