Возило кај Кичево удри во жена пешак која им подлегна на повредите

На 21.02.2014 година околу 18,15 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, се случила сообраќајна незгода во која Д.В.(1976) од с.Другово-Кичево, управувајќи ПМВ„Пасат“ со бугарска национална ознака Е-1010-БК, удрил во пешакот Веиба Д.(1941) од Кичево.

Во незгодата, пешакот Веиба се здобила со тешки телесни повреди и на пат за МЦ-Кичево починала. Увид на лице место извршил ЗЈО и увидна екипа на ПС-Кичево.За време на вршење увид на лице место, сообраќајот бил  во прекин и пренасочен по централното градско подрачје на Кичево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.