Вознемирувачко фото: Свекрва ја изгладнувала снаата до смрт

Јанг Тијан починала во вистинска агонија откако нејзината свекрва ја измачувала со гладување и 26-годишната девојка станала само коски и кожа…

Откако младата Јанг стапила во брак со својот сопруг, животот и бил убав.

Но набрзо дознала дека сопругот ја изневерува и посакала да се разведе, но свекрвата ја обвинила снаата за неверствата на нејзиниот син, истакнувајќи дека мажите е нормално да имаат љубовници.

Девојката посакала да се разведе, но не успеала да ја реализира својата намера и се обидела да се самоубие.

1snaasvekrva

И во тоа не успеала, но како последица од обидот за самоубиство добила атрофија на мозокот, па останала неподвижна и врзана за кревет.

По оваа случка таа поминала една година во домот на својата свекрва, која ја изгладнувала и ја довела до очајна состојба.

Еден ден дошла сестрата на Јанг во посета и видела во каков хорор живее таа, па ја однела во болница.

За жал било предоцна и Јанг почина на 1 јануари годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.