Вознемирувачко ВИДЕО I Фудбалер почина по удар од гром среде меч

Трагедија каква што не се памети се случи во Индонезија. За време на натпреварот помеѓу локалните тимови 2 FLO Bandung и FBI Subang гром го уби фудбалерот Септиан Рахарја, пренесе ТопСпорт.

Снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи. Несрежата се случи среде натпревар.

Гром го погоди Рахарја, а од силината на ударот уште двајца соиграчи паднаа на тревата.

„Инцидентот се случи кога гром ја погоди жртвата на стадионот. Неговото име е Септиан Рахарја, тој е од Субанг“, откри полицијата.

Рахарја имал 34 години, локалните медиуми објавија дека дишел по ударот на гром, но дека починал набргу откако бил примен во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.