(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Мајмун нападна тригодишно девојче, ја грабнал за облеката и ја влечел

Во селото Чонгкинг во југозападна Кина се случил страшен инцидент кој е забележан на камера. Тригодишно девојче кое си играло на улица пред својот дом било нападнато од мајмун, кој го грабнал девојчето за облеката и го влечел низ улицата. Во тој момент мајката била внатре.

На објавената снимка се гледа како девојчето држи тротинет во моментот кога мајмунот и приоѓа зад грб, ја фаќа и почнува да ја влече. За среќа, нападот го забележал случаен минувач кој успеал да го спаси малото девојче.

Како што јавуваат медиумите, девојчето имало лузна на главата од мајмунот. Однесена била во болница каде и е пружена помош и е вакцинирана.

Ова е прв напад на дете, а локалните официјални лица велат дека истиот мајмун најверојатно е поврзан со бројни напади во таа област. Полицијата не успеала да го фати мајмунот кој дошол од блиската планина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.