(Вознемирувачко ВИДЕО) Медицинска сестра во Косово тепала штитеничка во дом за стари лица

Полицијата соопшти дека во Домот за стари лица во Пеќ се приведени три лица поради сомнение дека извршиле физичко насилство врз постара штитеничка.

Според тамошните медиуми, полицијата реагирала откако на социјалните мрежи се појавила снимка од медицинска сестра која и удира шамар на штитеничка од домот за стари лица „Оренда“.

Фадиљ Гаши, портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, изјавил дека нападот се случил на 29 октомври, а медиумите на албански јазик во Косово и Метохија објавија дека се уапсени три лица.

„Клан Косова“ јавува дека меѓу уапсените се и менаџерот и две медицински сестри.

Снимката од насилството врз старицата ја пренесоа речиси сите електронски медиуми на Косово и Метохија, а за случајот беше ангажирана и здравствената инспекција, пренесуваат тамошните медиуми.

https://twitter.com/izlozba_poroka/status/1587830025444855809?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1587830025444855809%7Ctwgr%5Eb5e99592c193064943c4cbdb43998ac217ee62c2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Findex24.mk%2Fvoznemiruvachko-video-medicinska-sestra-tepala-shtitenichka-vo-dom-za-stari-lica-vo-kosovo%2F

Жанет Нура даде детали за тоа што ѝ се случило на нејзината мајка, велејќи дека ја посетувала еднаш или двапати неделно.

Нура наведува дека пред четири дена при посета на домот за стари лица забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не можела да поверува дека тоа доаѓа од вработените во Домот.

„Ја посетував барем еднаш или двапати неделно, а пред четири-пет дена видов траги на насилство на нејзиното лице, но не можев да верувам дека во таков дом може да дојде од вработен. Автоматски ја извлеков мајка ми од таму, а сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе се реши. Тоа ѝ се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите“, рече таа.

„Да се ​​употреби насилство врз седумдесетгодишна жена… Три сестри, едната ја држеше за раце, а другите ѝ се смееја – тоа е крај на светот. Многу сум потресена“, продолжува Нура.