(Вознемирувачко ВИДЕО) Момче во Чачак ладнокрвно застрела човек во кафуле

М.Ш (27) бил застрелан во престрелка што се случила во понеделникот во 18,45 часот во една од најфреквентните улици во Чачак, улицата Немањина, пред едно од популарните кафулиња.

Како што соопштуваат српските медиуми, тој бил застрелан од маж кој бил покриен со маска, испукал неколку истрели од пиштол, нанесувајќи му прострелни рани на двете нозе.

Безбедносните камери од локалот пред кога се случи пукањето, покажаа дека напаѓачот се приближил до М.Ш., кој седел во градината на кафулето.

Само по неколку размени зборови, напаѓачот со качулка и со бела маска на главата испукал два истрела во правец на жртвата, но ниту еден од двата куршума не го погодил М.Ш. Очигледно, третиот куршум го погодил во ногата, кој започнал да бега.

Напаѓачот ладнокрвно го следел и испукал уште два истрела од пиштол, а потоа избегал. Полицијата сè уште интензивно трага по него.