ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицаец спаси војник од бесната толпа

Во миговите на општ хаос на турските улици, кога едни наспроти други се најдоа силите на полицијата и војската се случи еден интересен момент.

Гневните граѓани, оние што претсдеталот Реџеп Тајип Ердоган   ги повика на улиците за да ја одбранат демократијата, фрли димна бомба или солзавец во тенк и го туркаше внатре војникот што очајно се обидуваше да излезе.

По ова од густиот чад се појави војникот и се држеше за глава и молеше за помош.

Откако не доби никаква помош од бесните граѓани,  се појави полицаец со гас маска кој дури по третиот обид успеа да го извлече дезориентираниот војник и веројатно да му го спаси животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.