(Вознемирувачко ВИДЕО) Убиен татко додека ја шетал 4-годишната ќерка

Маж бил убиен додека поминувал улица во Бронкс во Њујорк, а цело време ја држел 4-годишната ќерка за рака.

Снимката ја споделил Родни Харисон, полицаец од Њујорк, а на неа се гледа како 29-годишниот Ентони Робинсон поминува пешачки премин во околу 17:50 часот во неделата.

Додека ќерката ја држел за рака, Робинсон гледал во црниот автомобил кој успорувал покрај него, веројатно сакајќи да провери дали можеби возачот ќе тргне накај нив.

Меѓутоа возачот продолжува да вози покрај таткото и ќерката додека поминувале улица.

Во тој момент напаѓачот вади пиштол низ прозор и пука, погодувајќи го таткото.

Додека Робинсон паѓа на улица, неговата исплашена ќерка почнува да трча низ улица, очигледно неповредена.

Полицијата сѐ уште никој не уапсила поради неговото убиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.