ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Во Кисела Вода во близина на средно училиште отруено куче кое безпомошно се влечеше по улица

142

Вознемирувачко видео се појави на Фејсбук на кое јасно се гледа како се трујат кучиња низ Скопје.

Станува збор за куче кое било снимено како умира во Кисела Вода откако претходно било отруено, а во продолжение прочитајте го и статусот на една корисничка на социјалната мрежа.

Кутрево се мачеше 5 – 10 минути пред да го испушти последниот здив. Отруено со виршла во која имаше син камен на средина. Ова се случи во 10 часот вечерва на само 20 метри од средното економско училиште во Кисела Вода. Кому ли му сметаше ова мало кутре??? Кому му погреши до толку па да го изложи на вакви маки??? Ама еден ден сите ќе се соочиме со правдатата и судот, се надевам дека убиецот ќе се мачи исто така како и ова мало кутре на судниот ден. Секоа чест за сите граѓани кои носеа млеко, активен јаглен, и на секој начин се обидуваа да го спасат кутрево од лошата судбина и од маките. А тоа кутрото, само сакаше да јаде бидејќи беше гладно. АРАМ голем за сите институции кои око не им трепнува за убиството на животните. А ШТО АКО БЕШЕ МАЛО ДЕТЕ МЕСТО КУТРЕВО??? А ШТО АКО МАЛО ДЕТЕ ЈА ГОЛТНЕШЕ ВИРШЛАТА???? КАДЕ ЌЕ ВИ ОДИ ДУШАТА???? До кога институциите ќе се прават слепи и нема да превземаат ништо во врска со измачувањето и убиствата на животните. Знаете, и тие имаат душа, и тие се гладни и жедни, и тие се среќни и тажни, и кутрево доживеа агонија пред да го испушти последниот здив. ПОД ИТНО ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ НЕШТО И ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ СО КОЕ УБИСТВОТО НА ЖИВОТНИТЕ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧИ СО УБИСТВО НА ЧОВЕК. Само така ќе ги заштитиме овие невини душички од вакви трагични судбини. ВЕТУВАВТЕ СЕ И СЕШТО ДРАГИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВЛАСТА, СЕГА ОСТВАРЕТЕ, НЕКА ДОЈДЕ ЖИВОТ И ПРАВДА ВО ОВАА ДРЖАВА!!!!!!!!!!!!!!!!!!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

 

Skin Delight