Возовите во Данска не возеле во сабота поради хакирање  

Данските возови во саботата не сообраќале неколку часови поради хакерски напад на тест околината на IT партнерската компанија, соопшти во четвртокот за јавната телевизија DR претставник на данскиот железнички оператор DSB.

„Нѐ контактираше нашиот подизведувач кој ни кажа дека тест околината била компромитирана од криминални хакери“, изјавил директорот за безбедност во DSB, Карстен Дам Сондербо-Јакобесен.

Иако тоа не било директен напад врз DSB, го принудил подизведувачот „Supe“ да ги згасне серверите, поради што машиновозачите во саботата неколку часа не можеле да управуваат со возовите, пренесува DR.