21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Возрасен радовишанец со возилото се забил во препрека на патот, тројца поврдени

Три лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Радовиш, информира МВР. Вчера во 19:20 часот на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучка Струмица 78-годишниот К.М. од Радовиш управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки удрил во препрека на пат каде се изведувале градежни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.М.(79), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Л.К.(75) по што биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.