Возрасна скопјанка тешко повредена, возачот избегал

Во СВР Скопје во среата во 14.30 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена70-годишната Е.С. од Скопје.

При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14 часот на улицата „Св.Кирил и Методиј“ била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото.

Се работи на расчистување на случајот.