Врање e ново жариште во Србија, пак е отворена Ковид-болницата

249

Поради зголемувањето на бројот на новозаболени од коронавирус во Врање, Србија, повторно е активирана Ковид-болницата, која беше затворена кон крајот на април. Од вчера, примени се 52 пациенти. Кризниот штаб донесе одлука за задолжително носење маски и ракавици на јавни места.

Директорката на Здравствениот дом, Љиљана Антиќ, за РТС изјави дека новозаболените се претежно контакти на работници на две приватни компании.

Шест пациенти имаат потешка клиничка слика, а останатите имаат поблага клиничка слика или немаат никакви симптоми.

Зголемен е и бројот на тестирани, пред сè контакти на работниците од двете фабрики, едната за производство на мебел, а другата за обувки.

Фабриката за мебел престанала да работи кога биле откриени првите случаи.

Кризниот штаб во Врање донесе одлука за задолжително носење заштитна маска и ракавици на јавни места, во маркети, кафулиња… Граѓаните исто така се должни да одржуваат физичка дистанца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.