Вработен кај папата е заразен со Ковид-19

Едно лице кое живее во близина на папата Франциск во Ватикан е тестирано позитивно за новиот коронавирус и сега е хоспитализирано во болница во Рим, објави римскиот весник Месаџеро.

Ватикан официјално не ги коментираше тие информации, но добро информирани извори тврдат дека папата е сместен во гостинската вила Света Марта, заедно со уште 75 луѓе.

Инфицираното лице е свештеник вработен во Државниот секретаријат на Ватикан.

Според соопштение од седиштето на Римокатоличката црква вчера, четири лица кои живеат во Ватикан досега биле тестирани позитивни за Ковид-19, но ниту еден не живее близу до папата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.