Вработен на МВР со службено возило удри во малолетник

Возило сопственост на Министерството за внатрешни работи вчера удрило во малолетно лице. Несреќата, се случила во 11.35 часот после кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“.

„Патничко моторно возило „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од Министерството

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.