Вработен во државна институција собирал мито за посредување, измамени четворица скопјани

Четворица скопјани две години плаќале мито на човек што се претставувал како вработен во државна институција, за да им посредува за вадење документи. Откако „посредникот“ не им ги обезбедил документите, тие го пријавиле во полиција.

„Е.А. (29) од Скопје вчера во 20:10 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека во временскиот период од октомври 2020 година до ноември 2022 година, тој, а потоа и Е.Ш.(24), Е.И.(36) и Б.С.(38), по претходен договор во неколку наврати му дале пари на Д.А., кој се претставил како вработен во државна институција, во врска со посредување од страна на пријавениот за вадење на одобренија, при што до денот на пријавување Д.А. не им ги обезбедил бараните документи“, стои во известувањето од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.