Вработен во Пошта наместо на сметка на ЕВН, парите си ги задржувал за себе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

– Пријавениот, во својство на шалтерски работник во подружница на пошта, во периодот од 18.01. до 25.02.2022, при наплата на сметки од странки сметките ги заверувал со печат, но не ги внесувал во систем, односно внесувал податоци од друг корисник, со кое вршел препечатување на претходно уплатена сметка од ЕВН. При контрола на платниот промет од одговорни лица, утврдено е дека пријавениот паричните средства од странките не ги уплаќал на сметка од ЕВН, туку си ги задржувал за себе, со што противправно присвоил 14.777 денари – велат од МВР.