Вработена од обезбедувањето во Кисела Вода физички нападнала маж

Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од вработена како обезбедување во општина Кисела Вода.

Имено вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, С.М.(64) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во барака на општина Кисела Вода бил физички нападнат од Д.К.(52) од Скопје, вработена како обезбедување.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.