Најчудните барања што вработените во хотели ги добиле

Што се трпат вработените во Хотели. Освен напорни гости, повремени истурени пијалаци и изгубени полначи за мобилни телефони, вработените во хотелите понекогаш се соочуваат и со „поголеми“ проблеми.

На социјалните мрежи неодамна на хотелските работници неодамна им било поставено прашање која е најнеобичната и најнепријатната ситуација со која се соочиле во нивната кариера. Одгворите биле мошне разновидни, пишува бритаснки „Телеграф“.

Една од најпопуларните приказни е онаа за гостинот што хотелскиот персонал го нарекол „човекот со питите“. Тој изнајмувал соба, плаќал, давал депозит од 100 долари, а следниот ден го напуштал хотелот без да се одјави. Кога перосналот ќе одел да ја провери собата, на подот од купатилото секогаш наоѓале остатоци од „неколку скапи пити“. Мажот никогаш не се враќал по депозитот, а до неговото име стои предупредување „не му изнајмувајте соба на овој човек“. Сепак, тој продолжил да изнајмува соби, менувајќи го името при секоја нова посета.

Еднаш во неговата соба затекнавме искината листа на која одново и одново биле напишани зборовите пита и пантолони, вели еден од вработените во хотелот.

Во друг случај, до хотелскиот персонал во 11 часот навечер дошла жена која прашала дали некој би можел да ја отвори теретаната за неа. Персоналот мислел дека госпоѓата е „ноќна птица“ па и излегле во пресрет, но се испоставило дека тоа не е така.

Отидов до теретаната околу 3 наутро за да ја заклучам вратата и сфатив дека госпоѓата од лентата за трчање направила кревет и тука заспала. Се испоставило дека таа се скарала со сопругот, па побарала друго место за спиење, затоа што не сакала да спие со него, велат хотелиерите.

За жал, не се сите инциденти толку „безболни“. Во еден хотел гостинот размачкал измет по подот во тоалетот, а кога му била дадена голема сметка за чистење, се заканил дека ќе напише негативна рецензија на интернет.

Една корисничка на социјалните мрежи наведува дека за време на ноќна смена и се случило во ходникот да наиде двојка која снимала порно филм, додека друг бил многу изненаде кога во постелата затекнал жена во долна облека, а околу неа имало седум мажи исто така само во долна облека.

Интересен е и случајот кога една дама се пожалила дека водата во ВЦ школката има премногу меурчиња. Пред персоналот да стигне да ја сопре таа отишла до собата и во чаша за вино како доказ до рецепцијата донела вода во која во меѓувреме сите меурчиња исчезнале.

Па беше полна со меурчиња пред една минута, прокоментирала таа.