Вработените од Филхармонија протестираа пред Министерството за култура, очекуваат нова локација

Од денеска па во наредните денови секој ден вработените од оркестарот на филахармонија излегуваат на протести пред министерството за култура.

Со денешниот перформанс на секцијата на дувачките инструменти кои инструментите ги заменија со свирчиња и со давањето на жолт картон уште еднаш упатија барање до министерката за култура и до владата да го реши проблемот и да се најде нова локација каде ќе бидат трајно сместени вработените од новоформираниот џез оркестар.

Тие потсетија дека немаат ништо против создавањето на џез оркестарот ниту пак имаат против тие да настапуваат во нивната сала, но велат мора да се најде друга адреса каде ќе се сместат трајно овие вработени бидејќи филхармонијата е наменски градена за потребите на националниот оркестар на филхармонијата и неговото непречено функционирање кој брои 108 члена.

Според претставниците на вработените со одлуката за времено сместување но без временска рамка до кога од пред два месеци во филхармонија се вдоми и новоформираниот џез оркестар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.