Вработените во француска компанија по грешка добија дупли плати

Четири илјади и тристе вработени во француската осигурителната компанија AXA во Швајцарија по грешка добиле двојно зголемени плати за декември.

Божикното одушевување на вработените брзо спласнало, кога дознале дека нема да можат да ги задржат неочекуваните пари. Швајцарскиот дневник весник Tages-Anzeiger дознал за оваа грешка, а од AXA тоа го потврдиле во понеделникот.

Грешката се случила поради недоразбирањето меѓу AXA и банката, соопштиле од француската компанија, а вработените може да ги вратат парите или да ги задржат наместо платата за јануари.

Од AXA веднаш не кажале колку пари по грешка биле исплатени, но земајќи предвид дека просечната швајцарска палата од 85.000 швајцарски франци годишно, весникот проценува дека погрешно би можело да бидат исплатени над 30 милиони швајцарски франци.

„Постојат и полоши работи…. Најважно е дека вработените ја добија платата за декември пред Божик“, изјавил портпаролот на AXA за Tages-Anzeiger.