Вработените во ИЈЗ имаат проблеми со исплатата на дополнителните часови

200 вработени во Институтот за јавно здравје не добиле ниту еден денар за прекувремена работа. Тврдат дека за три месеци секој од нив има сработено над 190 дополнителни часови во овој Институт.

Директоратот на ИЈЗ вели дека постои правна основа, но тие чекаат на одобрување од надлежните органи.

– На состанокот што го имавме во Управата за јавни приходи, се согласивме да најдеме модус за пуштање во употреба на системот „МПИН“, кој не дозволуваше исплата на над 8 дополнителни часови работа за време на пандемијата, рече Шабан Мемети, директор на ИЈЗ.

Законот за работни односи овозможува плаќање на дополнителни часови според член 119, но не повеќе од 8 часа неделно.

– Законот за труд и социјална политика исто така предвидува дека во сируации на вонредни кризи, како што е пандемијата, да се плаќа сите часа прекувремено работење. Нешто што досега не се случило, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Барањето е издадено на крајот на мај и доколку биде одобрено од Управата за јавни приходи, уплатата ќе ја изврши Фондот за здравствено осигурување. Оттаму велат дека досега немале можност да плаќаат повеќе од 8 дополнителни работни часови неделно во 110 здравствени установи опфатени со овој Фонд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.