Вработените во НП Галичица на протест – бараат да не се назначува директор по партиска припадност

Протестен собир на вработените во Националниот парк Галичица, затечени реагираат на владината одлука да се смени вршителот на должност директор на установата Андон Бојаџи, јавува телевизија Алфа.

Заобиколувајќи ја законската процедура, без одлука на Управен одбор и без да се објави конкурс, Владата велат, експресно донесе одлука да го смени директорот.

Доколку Владата не ја преиспита одлуката и разумот не ги надвладее, како што велат, личните амбиции, вработените најавуваат штрајк.

Дискутабилно е дали установата сега ќе ги добие долго очекуваните средства од европските фодови со кои требаше да се покријат основните трошоци на паркот, а ќе беа доволни и за непречено работење во наредните 10 години, потенцираат од установата.

Неофицијално, за нов директор на Националниот парк Галичица е именуван секретарот на општинскиот комитет на СДСМ, Васко Паскали, кој по вокација е правник.