9.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Вработените во Управата за водење матични книги во Тетово и Гостивар алармираат на проблеми поради штрајкот

Независниот синдикат на Управата за водење матични книги и Конфедерација на синдикати преку прес-конференција денес во Тетово алармираа дека штрајкот кој веќе шест недели трае кај вработените во Управата кулминира со проблеми и бараат итно наоѓање на решение. Тие тврдат дека во Тетово вчера имало и вработени кои колабирале поради притисоци, а во Гостивар и физички инцидент пријавен во полиција.

-Вработените во Тетово добиле наредба од раководителот. Од две колешки било побарано да се потпише, а бидејќи сме во штрајк тоа е одбиено. За таа наредба сметам дека нема потреба бидејќи е само известување како треба да се спроведува штрајк. Ние веќе и тоа го правиме според законските правила. Во штрајк не се потпишува, седиме во една просторија не се попречува работа. За итни случаи се работи. Поради расправиите,паднаа две колешки во несвест и сме викале брза помош, изјави Насер Џемаили.

Тони Милошевски претседател на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги информираше и за инцидент во Гостивар.

-Вчера во просториите во Гостивар вработен со договор на дело, што не штрајкува ги нападнал колегите што штрајкуваат, фрлил нешто по нив и вербално. Личноста признала во полиција дека е слаб со живците. Така признал.Ние тоа го знаеме. И со странки се конфонтирал и се расправал, и со колегите претходни имал расправи и слично. Ние кај раководотелот потенциравме да се санкционира тој вработен. Сметаме дека ова е притисок врз штрајкувачите, изјави Тони Милошевски.

Штрајкувачите во Тетово денеска добија поддршка и од Марјан Ристески, претседател на Конфедерација на синдикати. Тој најави радикализација на штрајкот.

-Им се прават притисоци дека може да им се скрати од плата 40 отсто, дури се споменуваат и одредени суспензии јас како претседател на конфедерација апелирам да не презема таков чекор, бидејќи доколку, ако преземат таков чекор, сведоци бевте како беше блокирано пола Скопје ќе бидеме принудени после повторно да блокираме уште поголем дел на Скопје. Мора конечно оваа категорија на вработени да го добие заслуженото бидејќи сега сите гледаат дека ако оваа категорија на вработени не работи буквално се блокира цел систем, изјави Марјан Ристески.

Вработените бараат колективен договор со линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.