Вработените во управниот инспекторат во Тетово ги немаат основните технички услови за работа, а во контрола одат со автобус

Денеска извршив увид во работењето на подрачната канцеларија во Тетово на државниот управен инспекторат по однос на постапките кои што се водат во рамките на управниот инспекторат иако тие своите постапки ги добиваат преку централата во Скопје сепак тие имаат редовни контроли кои што ги вршат согласно планот за вршење на контроли и од она што можев да го видам е дека тие немаат доволно луѓе за работа и она што треба да се направи во следниот период е да се екипира одделението на државниот управен инспекторат со повеќе луѓе, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за информатичко општество Невенка Стаменковска- Стојковски.

Таа додава дека работата кои што ја имаат тие е многу обемна и има многу институции кои ќе треба да направат контрола.

-Луѓето колку и да се квалитетни со двајца вработени покриваат шест општини, а тоа  е практично невозможно да се направи. Дополнително тие ги немаат ниту основните технички услови за да можат правилно да ја спроведат контролата. Луѓето ме информираа и дека за да стигнат на одредено место каде што треба да направат контрола тие користат јавен превоз, рече Стаменковска- Стојковски.