Вратено правото на глас на Русија во Советот на Европа

Парламентарното сопрание на Советот на Европа (PACE) изгласа во вторникот враќање на правото на гласа на Русија коешто ѝ беше одземено пред пет години кога во екот на украинскиот граѓански судир црноморскиот полуостров Крим со референдум ја поврати укинатата автономија и изгласа присоединување на Руската Федерација, што западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

Собранието го одобри предлогот за враќање на правото на глас на Русија со 118 гласови „за“, 62 „против“ и десет воздржани. Парламентарното собрание на Советот на Европа во 2014 година на руските претеници им го одзема правото на глас, како казна за наводното мешање на Москва во украинската криза која дојде по превратот во Киев кој го поддржаа САД и ЕУ. Инаку, станува збор за првото укинување на некоја санкција воведена против Русија, поради нејзината наводна улога во украинскиот конфликт.

Ноќта кон вторникот PACE усвои резолуција со којашто на руската делегација и ѝ дозволено да учествува на јунската сесија на собранието. Истовремено, со резолуцијата се задржува можноста за оспорување на нејзиното овластување.

Генералниот секретар на Советот на Европа на заминување, Торнбјорн Јагланд, изјави на пленарната седница во Стразбур дека ова тело би требало да го задржи својот иновативен карактер. Додаде дека PACE е форум за дијалог и соочување. Неговиот наследник се избира во среда на тајно гласање со петгодишен мандат.

Заедно со Европскиот суд за човекови права (ECHR), Советот на Европа е одговорен за надгледување на спроведувањето на човековите права во 47 земји членки, Советот на Европа не е во состав на Европската унија, па поради тоа ниту ECHR е нејзино судско тело.