Вредноста на „Tesla“ мина илјада милијарда долари

Пазарната вредност на на американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ мина во понеделникот илјада милијарди долари, откао компанијата ја доби досега најголемата нарачка на возила од рент-а-кар компанијата „Hertz“.

Акциите на „Tesla“ се катапултираа за 14,9 отсто, а вредноста на компанијата достигна 1.045 милијарди американски долари, со што стана највредниот произведувач на автомобили воопшто во светот.

Воедно „Tesla“ е и првата автомобилска индистрија којашто се вклучува во елитниот клуб на компании чијашто вредност е над илјада милијарди долари, како што се „Apple“, „Amazon“, „Microsoft“ и „Alphabet“.

Повеќето произведувачи на автомобили не се фалат со порачки од компаниите за изнајмување возила на коишто им ги продаваат по намалени цени моделите коишто слабо се продаваат.

Меѓутоа, за „Tesla“ и за неговите инвеститори, одлуката на „Hertz“ да нарача 100.000 автомобии до крајот на 2022 година покажува дека електричните возила повеќе не се ексклузивен производ, туку дека во блиска иднина ќе доминираат на масовниот автомобилски пазар.

„Електричните возила сега се мејнстрим и сведоци сме само на почетокот на глобалната побарувачка и интерес“, изјави Марк Филдс, извршен директор на „Hertz“.

Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, за цел си постави раст на продажбата од 50 отсто годишно, што во одреден момент би требало да достигне 20 милиони продадени возила во една година. Тоа е двојно повеќе од продажбата на моментачните пазарни лидери германски „Volkswagen“ и јапонска „Toyota“.

Поарувачката на електрични возила на некои пазари веќе ги надмина очекувањата, па така „Model 3“ на „Tesla“ во септември годинава бил најпродаваниот модел во Европа, објави во понеделникот консултантската компанија „JATO Dynamics“