Вредностите на спојувањата и преземањата во светот историски рекордни во 2021-та

Глобалната активноста на спојувања и преземања (M&A) во 2021 година ги надминала сите досегашени рекорди, бидејќи големите количества капитал и високите вредноста на пазарите го потикнаа френетичното ниво на склучување вакви договори.

Според податоците на агенцијата Deаlogic, вредноста на спојувањата и преземањето компании во светот го надминала нивото од 5.000 милијарди доларид првпат во историјата, пораснувајќи во однос на претходната 2020 година за 64 отсто, на 5.630 милијарди долари до 16-ти декември, надминувајќи го претходниот рекорд во ваквите активности од 4.420 милијарди долари во 2007 година, една година пред светската финансиска криза.

„Корпоративните биланси се неверојатно здрави, па само во САД готовината достигнува 2.000 милијарди долари, а пристапот до капиталот и натаму е широко достапен со рекодно ниските трошоци“, коментира за Reuters Крис Руп, директорот на одделот M&A за Северна Америка во банката „JPMorgan“.

Технолошкиот и здравствената нега, секторите коишто вообичаено имаат најгилем удел на пазарот M&A, повторни биле водечки и во 2021 година, делумно поттиканта од заостанатата побарувачка од претходната година кога темпото на активностите M&A падна на тригодишниот минимум поради глобалните последици од пандемијата на Covid-19.

Компаниите побрзале да соберат средства од понудите на акциите или обврзниците, големите корпорации го искористеле подемот на пазарите на акциите за да ги искористата сопствените акции како валута за аквизиции, додека финансиските спонзори атакувале на компаниите котирани на берзите.

Покрај тоа, силната корпоративна заработка и севкупните надежни економски излгеди им дале на извршните директори самодоверба да започнат големи трансформативни договори и покрај потенцијалните пречки како што се информативните притисоци.

„Силните пазари на акциите се клучните придвижувачи на М&A. Кога цените на акциите се високи, тоа вообичаено им одговара на позитивните економски изгледи и на поголемиот оптимизам на извршните директори“, вели Том Мајл директор за M&A за Америка во „Morgan Stanley“.

Вкупниот обем на активностите во САД речиси се удвоил во 2021 годиона, на 2.610 милијарди долари, според Dealogic. Склучувањето договори во Европа скокнало 47 отстсо, на 1.260 милијарди долари, додека во Азија и Пацифик пораснало 37 отсто, на 1.270 милијарди долари.

„Иако кинеската прекугранична активности била скромна, корпорациите од другите азиски земји го зајакнувале купувањето на глобалните капитали. Очекуваме продолжување на овој тренд, особено за дововорите во Европа и САД“, вели Рагав Малах, директор за инвистициско банкарство во „Goldman Sachs“.