Време е за чистење на вашата кожа, хемискиот пилинг е вистинско решение

Иако понекогаш сме навикнати да користиме најразлични козметички производи и се трудиме нашата кожа да изгледа, свежо и негувано, сепак се случува сосема спротивниот ефект, па се прашуваме каде грешиме. Одговорот е едноставен и се однесува на способноста или неспособноста на кожата да ги апсорбира потребните состојки кои и ги нанесуваме. За да хранливите материи од препаратите навлезат во кожата, таа треба да се ослободи од старите слоеви кои не  ја прават уморна и постара отколку што вистински е така.

Она што и е потребно на дехидрираната кожа после изложување на енормно загадување, недостаток на светлина, односно сето она на кое нашата кожа е изложена во зимскиот период е токму хемиски пилинг.

Тоа е козметичка процедура што квалитетот и текстурата на кожата ги подигнува на едно ново ниво. Примената на одредени киселини, пред се трихлороцетна киселина, ги отстранува површинскиот слој на кожата која е веќе опфатени со посебна хиперпигментација, брчки и лузни. И тоа не е се. На тој начин се поттикнуваат фибробластите, кои се одговорни за производство на колаген и еластин, одговорен за цврстина и флексибилност на кожата. За да се постигне максимален ефект, се препорачува серија од четири поврзани  третмани заедно со пропратни препораки од дерматологот.

Таквиот одговорен пристап, може да спречи можна појава на пигментација која може да се случи, ако не се почитуваат препораките после третманот. Затоа овој период  е идеално време за хемиски пилинг, бидејќи тој ја отстранува заштитна бариера на кожата, а новиот слој е доста чувствителен. Со отстранување на површинскиот слој на кожата, се овозможува развој на нов, кој е понежен, помек и подмлад. Тенот станува видливо мазен, а кожата затегната и сјајна. Така подготвени, може да ги искористиме предностите на сите потребни хранливи материи од кремите, како и витамини, минерали, хијалуронска киселина и антиоксиданти од мезотераписките коктели. На овој начин, кожата е темелно и комплетно обновена.

Хемиски пилинг е медицинска постапка и мора да се врши само од страна на стручно лице со знаење во оваа област. Многу важно да се почитува целиот протокол, да се објасни на пациентот за несакани ефекти како што се црвенило и лупење, особено да се истакне важноста на заштитата на кожата со цел да се спречат можните компликации. Тоа се моќни пилинзи кои делуваат подлабоко во кожата  и обновување е дел од процесот кој треба да правилно да се изведе.

За време на овој медицински третман при кој се користат раствори од адекватни киселини со различни концентрации и се врши длабока ексфолијација на кожата при што ги елиминира и редуцира и акните, лузните од акни, пигментите и ја регенерира оштетената кожа.
После терапијата со хемиски пилинг се создава здрава и еластична кожа, со подобрена структура и тонус. Третманот го изведува дерматолог.

Ординација Skin Solution

Ул.костурски херои 4в
Скопје
 02/6154-111,078-261-997
➡️ www.skinsolutionmk.com

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.