Време е за одлука, време е за конечен избор!

Денес целиот свет е сведок на процесот на заробување на човештвото во името на „слободата“, „човековите права“ и „демократијата“! Овој процес е втемелен на краен релативизам и подло извртување на вистинските животни, општествени и политички вредности!

1352

Пишува: презвитер Ивица Тодоров

Во историскиот момент на човештвото или си ЛИБЕРАЛ/ ГЛОБАЛИСТ кој верува во тоталитарната „добронамерноста“ на неоколонијалната антихристова елита и како папагал повторуваш „пароли“ за кои ти плаќаат да ги пропагандираш
ИЛИ си ПАТРИОТ/ СУВЕРЕНИСТ кој му верува на Бога и се грижиш твојот и сите други народи суверено, слободно и оргинално да чекорат кон своето духовно, културно, државно, економско, технолошко…и секое друго од Бога благословено развивање и воздигнување!

ДЕНЕС целиот свет е сведок на ПРОЦЕСОТ на ЗАРОБУВАЊЕ на човештвото во името на „слободата“, „човековите права“ и „демократијата“!
Овој ПРОЦЕС е втемелен на краен РЕЛАТИВИЗАМ и подло ИЗВРТУВАЊЕ на вистинските животни, општествени и политички вредности!
Горниот пристап треба да поттикне целосен НИХИЛИЗАМ, односно противење и НЕГИРАЊЕ на било какви објективни и докажани вредности, вистини и традиционални проверени здрави модели на живеење.

ОВОЈ ПРОЦЕС засилен со сериозна пропаганда и со правна заштита втемелена на прилагодените законодавствата на конкретните држави треба да формира НОВ ТИП на ментален склоп и начин на однесување кај луѓето!

Тоа однесување ќе биде, а и веќе е препознатливо преку:
1. АНТИТЕИЗМОТ, антиморалноста и крајниот антитрадиционализам;

2. ПЕРВЕРЗНАТА слобода во пројавата и изразувањето на сексуалноста (LGBTIQ/ gender идеологија/ Истанбулска конвенција);

3. РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ на поимите „БРАК“, „СЕМЕЈСТВО“, „ПОТОМСТВО“ и „СЕКСУАЛЕН МОРАЛ“;

4.ФОРМИРАЊЕ на сосем ново доживување на државите, општествата, колективитетите, религиите! Ова ново доживување пропагира губење на СУВЕРЕНИТЕТОТ, ИНТЕГРИТЕТОТ и ОРГИНАЛНОСТА во име на ГЛОБАЛНОСТА и НЕОИМПЕРИЈАЛИЗМОТ!

5. ПРОПАГИРАЊЕ и ширење на „култура“ на ПОВРШНОСТ, конформизам, СУБЈЕКТИВИЗАМ, индивидуализам, потрошувачко општество, хедонизам и КРАЈНА ОТУЃЕНОСТ!

Финалето на овој ПРОЦЕС е во формирање на општество од крајно отуѓени, флуидни, обескоренети, аморфни и идентитетско, духовно и морално уништени индивидуи (мутанти) кои лесно од краен лажен либерализам ќе бидат воведени во перфиден тоталитаризам на АНТИХРИСТОВОТО време!

Само автентичното ХРИСТИЈАНСТВО и моралниот, конструктивен и одговорен ПАТРИОТИЗАМ и СУВЕРЕНИЗАМ може да го објасни и разобличи овој ПРОЦЕС и да помогне да не станеме негови жртви или марионети! Само Божјото откровение запишано во Светото Писмо и автентично разбрано и практикувано во Црквата може да ни помогне успешно да се движиме во ова време на општа ЗБУНЕТОСТ.

НЕМА повеќе ИСТОК или ЗАПАД, ЛЕВИ или ДЕСНИ, во светот денес има само ЛИБЕРАЛ/ ГЛОБАЛИСТИ и ПАТРИОТИ/ СУВЕРЕНИСТИ!
ИМА само ЛУЃЕ кои се за ТЕМНИНАТА, УНИШТУВАЊЕТО и глобалниот неоколонијалистички грабеж и антихристовата перверзија
и ЛУЃЕ кои се за СВЕТЛИНАТА/ ВИСТИНАТА, УБАВИНАТА и РАДОСТА НА ПОСТОЕЊЕТО, суверенитетот, здравоста, оргиналноста……..!

НАЈАКТУЕЛНИОТ ПРОЕКТ на либерал – глобалистите, како во светот така и во Македонија е УДАР и РЕЛАТИВИЗАЦИЈА на БРАКОТ, СЕМЕЈСТВОТО, ДЕЦАТА, ПОЛОТ, РОДОТ!
Тие преку промена на државното законодавството ја легализираат перверзијата (ЛГБТИ/ ЏЕНДЕР идеологијата) и внедруваат модели на сексуално однесување и воспитување на децата кои треба да го срушат самиот темел на кој се гради и опстојува самото општество, народ, држава, вера, идентитет.

БЕЗ нормален, од Бога воспоставен и благословен традиционален БРАК помеѓу еден МАЖ и една ЖЕНА нема нормално семејство, нема душевно – телесно здрав пород, нема КОРЕН, нема историско паметење, нема традиција, нема вера, морал, идентитет туку ФОРМИРАЊЕ на обескоренети, флуиди, секогаш модерни, крајно површни МУТАНТИ кои треба да служат само како потрошувачи, работна сила, гласачка машина, штрафови во тоталитарниот ЛИБЕРАЛ – ГЛОБАЛИСТИЧКИ АНТИХРИСТОВ поредок на експлоатација, манипулација и тотална морална и духовна релативизација!

ВРЕМЕ Е ЗА ОДЛУКА! ВРЕМЕ Е ЗА КОНЕЧЕН ИЗБОР!
Или сме за ВИСТИНАТА или сме за ЛАГАТА!
Или сме за СУВЕРЕНИЗАМ или сме за ГЛОБАЛИЗАМ!
Или сме за ХРИСТОС или сме за АНТИХРИСТОТ!
ВРЕМЕ Е ЗА ОДЛУКА! ВРЕМЕ Е ЗА КОНЕЧЕН ИЗБОР!
Нема можност за бекство! Нема неутралност!
КАКОВ ИЗБОР – ТАКВА ИДНИНА!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.