Времен сообраќаен режим на „Антон Попов“, автобусите ќе се пренасочат

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, од утре (19.10.2018 година, петок) до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим.

Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улица „Павел Шатев“ до  крстосницата со улица „Димо Хаџи Димов“ (кај Шампионче).

За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булевар „Борис Трајковски“.

Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.