Најстудено во Маврово -2 , најтопло во Дојран и Гевгелија 8 степени

Утрово во земјава најстудено било во Маврово, Лазарополе и Крушево каде се измерени -2 степени целзиусови, а најтопло во Дојран и Гевгелија со измерени 8 степени целзиусови.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, во западните и јужните делови со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови претежно на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег.

Ќе дува умерен, а на југоистокот, повремено засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 дo 13 степени.

Во Скопје слично време со температурата до 11 степени.