Временска прогноза: Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 24 степени, а дневната температура од 29 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 36 степени.

До сабота ќе се задржи доста топло време со повремено засилен северен ветер вдолж Повардарието, а во сабота ветерот ќе засилува насекаде. Во сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде малку посвежо.