Временска прогноза: Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Дневната температура ќе се движи од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, сончево и топло. Дневната температура ќе достигне до 31 степен.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината.

Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.