Временска прогноза – Сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и значително топло со мала локална облачност во попладневните часови.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 18 степени, а дневната температура од 28 до 36 степени. УВ=10.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и појава на налети од ветер од северен и северозападен правец со брзина до 13 км/ч.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 35 степени.

Согласно прогнозите, од вторник и среда се очекува да дува умерен до засилен северен ветер со можност за појава на услови за краткотраен локален дожд.
Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.