Временска прогноза за 21 септември: Топло, температура до 32 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 14 степени, а дневната од 26 до 32 степени. УВ=6  .

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.