Временска прогноза за пред и по новогодишните празници

Од денеска следува период на стабилно и посончево време со умерен северен ветер и ниски утрински температури.

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Сончево со мала облачност, по одделни котлини со слаба утринска магла, ќе биде во вторник, односно на 31 декември. Во последниот ден од годината во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Првите два дена во Новата Година ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.