Временска прогноза за престојниот продолжен викенд?

Според временската прогноза за престојниот продолжен викенд можеме да очекуваме пеколно високи температури.

Метеоролозите најавуваат пораст на температурите од петок.

Во петок, кој воедно е прогласен и за неработен ден, се очекува многу топло време со температури над 34 степени.

Максимумот ќе биде достигнат во недела, кога температурите ќе надминат 35 степени, а во јужните краеви и над 40 степени.